Сакам да станам доктор по естетска хирургија: Интервју со Лила Стојановска

Добивај вести на Viber

Јавноста секогаш ја интересира нејзиниот приватен живот, за кој Лила Стојановска сѐ помалку зборува. Она што сака да го сподели со јавноста, го има на нејзиниот Инстаграм профил, а долгогодишното ТВ-искуство, квизот „Сѐ или нешто“, синот Филип се работи за кои со городст сака да зборува. Кои се нејзините желби за оваа година дознајте во продолжение. 

* Како си помина за новогодишната ноќ, кои ти се првите планови во оваа година?

- Новогодишната ноќ ја поминав дома со оглед на тоа дека имав снимања и обврски. Би сакала да одам во некој спа центар неколку дена каде што вистински би ги наполнила батериите. Тоа е сѐ што ми треба!

* Која е најзабавната, најсмешната случка од „Сѐ или нешто“ што никогаш нема да ја заборавиш?

- Во овие 9 сезони имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка. И не само јас туку целата јавност. Тоа е емисијата со натпреварувачот Берзат од Велебрдо. Целата емисија беше, смешна, забавна, со многу позитивна енергија , тоа е исклучително интересен човек со многу жувотни приказни.. Од Берзат научив и нов збор „канаќисавме“!

* Твојот син Филип е твојата најголема гордост. Колку на оваа возраст му помагаат твоите животни, професионални и љубовни совети, што најмногу го советуваш?

- Филип е дете какво што отсекогаш посакував и фала му на бога што ги услиша моите молитви. Има 25 години и е проект менаџер за продажба проџект во Центарот за неформално образование Creative Hub и е исклучително самостоен. Заедно растевме и сѐ учевме така што имаме исклучително близок однос и секогаш сме тука еден за друг!

* Кога ќе дојде времето кога ќе ни се пофалиш: Вљубена сум, ова е мажот на мојот живот?

- Три работи ќе сочувам за себе: Љубовниот живот, приходите, следниот чекор!

* Имаш ли некоја специјален рецепт за долгогодишната присутност на телевизија?

- Нема филозофија. Кога имаш сериозна ТВ куќа зад себе, со сериозен и професионслен ангажман и притоа ја работиш работата што ја сакаш и го работиш со срце успехот е неминовен!

* Што би работела ако не си ТВ лице?

- Доктор по естетска хирургија. Тоа е мојата неостварена желба, ама никогаш не е доцна!

* Во тој случај, што би сменила кај тебе?

- Тоа што сакав само го надополнив, затоа што не сакам ништо да менувам.

М.Џаровска