Сакам да танцувам во спотовите на нашите пејачи: Интервју со Цако
Александар Матовски, познат како Цако, е младо и сестрано момче со Даунов синдром. Тој е еден од танчарите од танцовото студио „Dancers United MK“ кои минатата година го освоија првото место на Светското првенство во модерни танци кое што се одржа во Киелце,Полска.
Цако е творец на поезија, водител на своја радио-емисија и секојдневен борец за човековите права. Неговото семејство е негова најголема поддршка, особено сестрата Марија. Таа се појавува како верен придружник на Цако на многу настани, меѓу кои и Светската конференција во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк, каде тој ја раскажа својата приказна како прв македонски студент со Даунов синдром.
Цако е супер харизматично момче, кое за Женски Магазин, откри дел од своето секојдневие.
* Кој е Александар Матовски?
- Човек со многу идеи. Смел и упорен. Кога нешто работам, го работам до крај.
* Од каде го доби прекарот Цако?
- Едноставно од Нанами. Таа ми го даде овој прекар.
* Која е животната приказна на Цако, како дете со Даунов синдром?
- Нема да говорам многу, само со неколу збора ќе ја раскажам . Роден сум 1991-ва година со Даунов сидром. Но ова не ми пречи да го живеам животот како што знам .
* Дали се соочуваш со стереотипи, како средината те прифаќа?
- Не сум се соочил со стеротипи, можеби затоа што сум борец. Не ме допираат никакви коментари. Прифатен сум од сите лица кои ме сакаат.
* Како поминува еден твој ден?
- Денеска станав и си направив кафе и сок. Конкретно денес го пишувам ова интеврју. Па ќе имам некои гостувања. Се враќам дома и им праќам мал вовед за мојата емисија за која ќе говорам подолу.
* Твои омилени активности?
- Танцот, поезијата и мојата радио емисија. Посетување на некоја изложба од моите пријатели.
* Колку е тешко/лесно да се подготви емисијата „Јас сум Цако“? Колку уживаш во радиото и во новинарството?
- Не, не е тешко, туку предизвик ми е да си ја работам и натаму мојата емисија. Да, многу го сакам новинарството. Се надевам дека оваа емисија ќе оди и во ТВ просторот. Бидејќи во нашава земја е потребна ваква емисија, каде говориме за убавините и предизвиците на младите со поречености. А не да ги заборавиме.
* Што има ново во твојот љубовен живот. Дали си заљубен ?
- Имам девојка, таа е од Србија.
* Како студент на Педагошкиот факултет во Скопје, со кои предизвици се соочуваш, и зошто го избра токму овој факултет?
- Го избрав затоа што јас ја сакам психологијата и децата.
* Заедно со твојата танчарка група ни донесе злато во Македонија? Од каде љубовта кон танцот? Која ти е омилена песна за танцување?
- Да, бевме во Полска, поточно во градот Килце, каде јас и моите пријатели го освоивме првото место. Ако ме прашувате мене лично, ќе ви одговорам „Кад би ове руже мале“ .
* Колку си горд на себе? Која е твојата мотивација што те води низ животот?
- Многу сум си горд и тоа ме прати во животот.
* Со кој проблеми и потешкотии се соочуваш во Македонија? Што сметаш дека е потребно за да се подигне свеста за лицата со попреченост?
- Не, немам никави проблеми или потешкотии. Единствено би советувал да не се бара влакно во јаjцето. Тука би ја подржал министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во нејзините борба за овие лица.
* Каде и како се гледаш себеси за 10 години?
- Јас би сакал да учестувам во спотови на нашите пејачи како танчар. И да напишам по неоја песна за нив. Секако дека ќе си ја продолжам и мојата емисија .
* Што би им порачал на младите во Македонија?
- Дечки, бидете свои, само така ќе постигнете успех .
Даница Караташова