Сакаме ваква фризура! Џенифер Лопез повторно најубава-совршена боја на коса, локни како сон (ФОТО)

Сите велат - „Оставете, тоа е само перика“, „тоа се екстензии“, „вештачка коса“ и сепак сите се заинтересирани да ја видат новата фризура на Џенифер Лопез. Зошто? Затоа што таа е секогаш совршена!

Нема фризура што оваа жена не може да ја носи - мазна и пеглана како стакло, мала пунџа на врвот на главата, „завеса“ шишки, влажни кадрици, бушава пунџа - нема ништо што не и одговара.

View this post on Instagram

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)

Нејзиниот фризер Крис Аплтон е свесен за оваа феноменална одлика, но и за подготвеноста на Џеј Ло да експериментира, иако таа знае како на најдобар начин да ја примени моќта на старата добра класика.

Сега таа ги воодушеви сите со својата долга руса коса со уште посветли прамени и малку темна боја на коренот - како што вели Крис - Барби се врати.

Сепак, тоа не е секоја „кукла“ - тоа е Барби од Бронкс! Кога еднаш ја прашаа Џенифер од каде потекнува овој прекар, таа рече дека секогаш носи барем неколку карактери во себе. „Кога ќе се облечам во деловен стил, изгледам како деловна жена, но кога ќе се фрлам во музика, тогаш сум „Барби“ од Бронкс“, вели Џеј Ло.