Сакав јавно да се откажам од него: Бобан Рајовиќ сурово за врската со синот, кој е вистински фраер (ФОТО)

Андрија е целосно посветен на спортот и моментално настапува за фудбалскиот тим „Рудар“ од Приједор

Наследникот на Бобан Рајовиќ, Андрија, е вистински фраер по кој девојките лудуваат и е многу активен на социјалните мрежи каде често објавува фотографии со својот татко.

Поради фотографиите кои често ги објавува на Инстаграм со својот татко, многумина ја забележаа неверојатната сличност помеѓу Бобан и неговиот наследник.

Со оглед на тоа што се занимава со спорт, Андрија е на сериозни тренинзи и целиот е со мускули, па затоа девојките едноставно „паѓаат“ на него.


Инаку, како што неодамна откри Рајовиќ за „Еспресо“ Анрија на почетокот на професионалната кариера имал големи потешкотии, поради што пејачот сакал јавно да се откаже од него.

- Мојот син Андрија имаше отежителна околност кога е во прашање играњето фудбал бидејќи јас сум негов татко. Сакав да се одречам од него во медиумите бидејќи многумина мислеа дека гради кариера преку моето име. Неколку пати ме замоли да не доаѓам на натпреварите да го бодрам за соиграчите да не го протолкуваат погрешно моето доаѓање. Одам да купам карта за да дојдам на натпреварот, а тој почнува да ме моли да не се појавувам. Сакав да ги почитувам неговите одлуки и секој пат ќе го слушам - откри Бобан.

Во продолжение погледнете како изгледа наследникот на Бобан:






Извор: www.espreso.co.rs