Салата од компири по рецепт од Џејми Оливер

Потребни намирници:


1.200 кг компири

сол, црн пипер по вкус

сок од 1 лимон

маслиново масло

50 гр маслинки

малку кромид и коријандер



Подготовка:

Излупете ги компирите и варете ги околу 20-25 минути во лесно солена вода. Компирите треба да омекнат, но да ја задржат својата структура. Потоа исцедете ги од водата и оставете да се изладат, немојте да ги миете.

Во мал сад ставете го сокот од лимон и мала количина маслиново масло па добро измешајте. Во тава загрејте го добиениот сос, и потоа посипете ги маслинките, коријандерот и кромидот и оставете да отстојат така 2-3 минути. Вака подготвениот сос за салата, заедно со маслинките, коријандерот и кромидот, ставете го врз компирите.


Бон апетит!