Само 15% од Европејците знаат како да користат AI за да имаат придобивки во секојдневниот живот

Добивај вести на Viber

  • Во истражување  во кое беа вклучени 11.000 возрасни лица,  90% одговорија дека имаат некакво разбирање за AI, но само 15% знаат како таа може да се користи во нивниот секојдневен живот.
  • Подобрување на забавата, чистењето и заштедата на време се меѓу приоритетите на кои AI треба да се фокусира, велат потрошувачите.
  • Испитаниците сакаат AI да ја подобри поврзаноста на паметните апарати за домаќинство (42%).

Само дел од Европејците се чувствуваат сигурни во нивната способност да користат AI во нивниот секојдневен живот, велат новите податоци објавени денеска од Samsung Electronics.

Анкетата во која беа вклучени повеќе од 11.000 луѓе во десет европски земји покажа дека повеќе од половина од испитаниците сакаат AI да го поедностави нивниот живот (53%), да ја подобри забавата и квалитетот на животот.

Но, само 15% од Европејците велат дека знаат како да ги постигнат овие придобивки во секојдневниот живот, а 38% изјавиле дека не се чувствуваат вклучени во тековните разговори за AI.


Кога беа прашани да го оценат нивното разбирање за технологијата, испитаниците во Полска одговорија дека ја разбираат технологијата (23%) додека оние во Обединетото Кралство се најмалку уверени од сите анкетирани пазари (11%), нагласувајќи го потенцијалното културно и образовно влијание врз ставовите.

Наодите објавени во новиот документ на Samsung - "Интелигентен живот: Како AI гo подобрува секојдневното искуство" - исто така откриваат голема желба AI да го подобри и унапреди нашиот секојдневен живот, вклучувајќи специфични приоритети на потрошувачите за оваа значајна технологија.

Како што AI станува сè поприсутна во секој аспект од нашиот живот, од алгоритмите што го водат нашиот избор за забава до паметните уреди што ги предвидуваат нашите потреби во домот, повеќе од половина (53%) од Европејците сакаат технологијата да го олесни нивниот живот, при што физичките задачи, како што е чистењето, рангираат високо како цели за усвојување на AI, над поддршката со домашните сметки (21%).

Сепак, оваа надеж сè уште не е проследена со ентузијазам – само една третина (38%) од испитаниците рекле дека на растечката улога на AI гледаат со скептицизам.

Д-р Крис Брауер (Dr. Chris Brauer), директор за иновации на Универзитетот Голдсмитс во Лондон и главен директор за иновации на Symmetry коментираше: „Вистинското ветување на AI е во тоа како може да ги трансформира нашите рутини за да ги комплетира, а не да ги засени, работите во кои најмногу уживаме. Како што AI станува сè повеќе вградена во нашите уреди, нејзината вистинска вредност ќе се проценува по тоа колку добро таа ги поедноставува задачите, го подобрува квалитетот на животот и ги прави секојдневните интеракции полесни без да ги усложни."

AI во домот

Истражувањето покажа дека поврзаноста е значаен приоритет за Европејците, при што 42% од испитаниците изјавиле дека сакаат AI подобро да ги поврзе уредите низ нивните домови. Исто така, ист процент (42%) рекле дека мислат дека AI ќе го подобри нивниот домашен живот, додека речиси една четвртина (24%) рекле дека управувањето со паметен дом е нивната најпосакувана функција на AI.

  • Чистењето и смукањето со  правосмукалка се појавија како главни задачи за кои луѓето сакаат AI да им помогне, при што 33% од испитаниците покажале интерес за AI решенија кои можат да ги вршат овие активности за нив.
  • Дополнително, 28% се заинтересирани за тоа AI да може да помогне во чистењето на апаратите за домаќинство, додека 25% бараат помош со миењето садови.
  • 23% од испитаниците покажале интерес за AI функции кои можат да помогнат во готвењето на оброци и управување со списоци за пазарување.
  • Овие ги надминуваат повеќе традиционалните задачи како што се управувањето со домашните сметки и финансии, што беше избрано од само 21% од испитаниците.

Безбедноста, сепак, е значајна грижа. За да се изгради доверба, 37% од испитаниците истакнаа дека се важни редовните безбедносни ажурирања, 34% ценат 24/7 активно следење на закани и 27% ја идентификуваа целосната безбедносна заштита како најважна AI функција доколку интегрираат AI во нивниот секојдневен живот во иднина. Овие увиди ја истакнуваат потребата AI технологиите да бидат не само иновативни, туку и сигурни.

Тимоти Хоспедалес (Timothy Hospedales), шеф на истражувачкиот центар за AI на Samsung во Кембриџ, коментираше: „Во Samsung веруваме дека AI треба да го подобри секојдневниот живот како невидлив помошник кој поедноставува задачи без да бара внимание. Наша обврска е да создадеме технологија која е подеднакво интуитивна колку што е моќна, која лесно се вклопува во рутините на потрошувачите и им овозможува да се фокусираат на она што е навистина важно.“

AI за приоретизирање на страстите

Околу две третини (66%) од Европејците бараат повеќе време за да се вклучат во активности кои ги сакаат, при што 37% веруваат дека AI може да им помогне да ги приоретизираат своите страсти и 41% очекуваат дека вештачката интелигенција ќе го подобри она што тие можат да го создадат.

Потрошувачите сакаат да ги подобрат искуствата во кои веќе уживаат, како што се патувањето, игрите и гледањето телевизија. Ова се рефлектира преку резултатите од истражувањето кои покажуваат дека најпосакуваните AI функции вклучуваат превод во реално време (23%) и AI режими кои оптимизираат дефинирање на слика (27%) како и откривање на позадинска бучава и прилагодување на квалитетот на звукот (27%) за поимерсивно искуство при гледање.

Персонализацијата е, исто така, клучен тренд, особено кога станува збор за здравјето и добросостојбата, при што половина од испитаниците (50%) сакаат да спречат појава на болест наместо да се разболат и да ја лекуваат. Поконкретно, 32% од испитаниците изјавиле дека имаат желба да користат AI за индивидуални планови за исхрана, 24% за вежби и 34% за приспособување на животниот стил врз основа на индивидуалните здравствени податоци. Сличен процент (31%) се заинтересирани за користење AI за следење и подобрување на шемите на спиење.

Сепак, и покрај зголемениот интерес за AI во областа на здравјето, постои скептицизам од страна на оние кои моментално не ја користат технологијата, при што само 17% велат дека би користеле AI трекери на здравјето во нивните секојдневни рутини. Понатаму, и покрај желбата AI да го оптимизира квалитетот на сликата и звукот на телевизорот, 28% од испитаниците рекле дека нема AI функции кои се однесуваат на домашната забава, што можеби одразува недостаток на свесност за потенцијалните способности на AI.

Цифрите ја истакнуваат важноста на континуираниот развој и на подобрата комуникација за придобивките и доверливоста на AI функциите и уредите во полето на здравството и вредноста на силните безбедносни мерки, редовните ажурирања и транспарентната комуникација за градење и одржување на довербата на потрошувачите.

Д-р Крис Брауер (Dr. Chris Brauer), главниот директор за иновации на Symmetry, заклучи: „Иднината на AI е во нејзиното непречено интегрирање во нашите секојдневни животи – не само дома, туку и низ урбаните средини. Движејќи се напред, етичките размислувања се од големо значење – да бидеме сигурни дека AI не само што ја унапредува социјалната еднаквост туку и помага во градење на попаметни и поодржливи средини. Целиот наш сектор треба да ги слуша потрошувачите, да ги нагласува безбедноста, инклузивноста и практичните придобивки за AI да стане вистински катализатор за глобални промени.“ 

пр објава