Само еден маж се најде најхрабар: Ѝ изјави јавно љубов на Елена Ристеска

Љубовта нема граници и таа се појавува во секакви форми. На сите ни годи кога сме сакани, кога некој ни изјавува љубов, без разлика со какви зборови. Зошто на крајот зборовите се само зборови, она што се чувствува...е тоа е тоа!!!

Познатиот стилист за коса Даниел Николовски кој долги години се грижи за изгледот на пејачката Елена Ристеска, на фб. напиша емотивен статус за нивното другарство:

-Ако сте пријатели со некој повеќе од 10 години, тогаш треба да ви биде мило затоа што вашето пријателство го издржало тестот на времето. Можеби имате многу пријатели, но не секој е толку посебен како личноста што ќе ви падне на ум кога го читате ова. И, добрата работа кај пријателствата е што тие стареат како добро вино - колку е постаро пријателството, толку подобро! Повеќе од 10 години вистинско пријателство! Те сакам Елена Ристеска!