Само за сопругата: „Отворил“ ресторан дома

фото: CHEFFREY/TWITTER

И додека сме во услови на пандемија и седење дома, и трае не можноста од одење во ресторани, за готвачот Џефри тоа не претставува проблем, па реши да „отвори“ ресторан дома и да ги „зачини“ деновите поминати дома со својата сопруга и подготви изненадување за неа.

Бидејќи не можат да излезат на „дејт“, Џефри направи ресторан дома, и направи за сопругата вечера од соништата. Тој отпечатил и цело мени, за сопруга да се почувствува како во вистински ресторан, пренесува Bored Panda.

Неговата 'карантинска скара' стана вирална

Најпрво направи солена торта од рак со зачинет сос, потоа лосос со млад кромид и сирење, со гарнир со чинија што се состојат од пире од компири и колбаси. Како десерт, тој послужил торта со сирење со свежи јагоди. 


Тој го сподели сето ова на Твитер и воодушеви голем број луѓе, особено понежниот пол - бидејќи неговиот ресторан „дома“ „Карантин Грил“ стана вирален. 

Дали би сакале некој да направи нешто такво романтично за вас?