Samsung ја претставува својата сеопфатна палета на апарати за домаќинство со екрани што го подобруваат корисничкото искуство на KBIS 2025

Посетителите
можат да ја доживеат визијата на Samsung за попаметен дом преку Bespoke AI
апаратите и да го видат новиот индукциски шпорет од Dacor за 2025 година
Samsung Electronics денесго најави претставувањето на својата сеопфатна линија на иновативни апарати за домаќинство, вклучувајќи го и новиот индукциски шпорет од Dacor на саемот Kitchen & Bath Industry Show (KBIS) 2025 во Лас Вегас. Следејќи ја својата визија „AI за сите“, претставена на CES 2025 во јануари, Samsung продолжува да развива кориснички ориентирани, AI-засновани решенија што нудат навистина персонализирани услуги за животниот простор – сите поткрепени со постојано унапредувани решенија како што се Samsung Knox, Bixby и SmartThings.
На изложбата ќе бидат претставени Bespoke AI апаратите – вклучувајќи го фрижидерот Bespoke Flex™ со 4 врати и со AI Family Hub™+, Bespoke AI Laundry Combo™ и Bespoke Slide-in Induction Range – кои претставуваат одлични додатоци за секој паметен дом. LCD екраните на овие уреди функционираат како централна контролна точка, овозможувајќи лесен и интуитивен пристап и управување со различни интелигентни, поврзани уреди. Посетителите ќе можат да искусат како имплементацијата на вештачката интелигенција нуди персонализирано искуство и ги подобрува секојдневните рутини, правејќи ги поедноставни и поудобни.
Дополнително, ќе добиете информации за AI Energy Mode во SmartThings Energy[1]и Samsung Care, кои ја поддржуваат посветеноста на Samsung за поудобен секојдневен живот на корисниците.
На штандот на Samsung на KBIS има и посебен простор со вградени апарати од Dacor, вклучувајќи го и индукцискиот шпорет на Dacor за 2025 година. Дизајнирани за премиум кујна, 30” Column Refrigerator – Panel Ready (дизајниран со можност за вградени панели), 30” Column Freezer – Panel Ready, 30” Combination Wall Oven with Steam и 24” Built-in Wine Dispenser создаваат беспрекорен ѕид што внесува чист и луксузен изглед во домашниот ентериер. Посебната винска зона, исто така, го прикажува 24” Wine Column – Panel Ready, што продолжува во импресивен Dacor вински ѕид, каде што посетителите можат да се фотографираат.
„Со нетрпение очекуваме да ги претставиме нашите Samsung Bespoke и Dacor апарати, кои користат моќна хиперповрзаност и AI технологија за да ги антиципираат личните потреби и да ги поедностават секојдневните задачи,“ изјави Таехван Хванг (Taehwan Hwang), извршен потпретседател и раководител на тимот за продажба и маркетинг во секторот за дигитални апарати во Samsung Electronics. „А како водечка сцена за домашни иновации, KBIS е совршено место за да покажеме како овие паметни, елегантно дизајнирани апарати функционираат заедно за да создадат беспрекорно и персонализирано искуство за секое домаќинство.“
Го претставуваме индукцискиот шпорет на Dacor за 2025 година: Моќнанадградба за секоја кујна
Индукцискиот шпорет на Dacor за 2025 година им овозможува на корисниците брзо и флексибилно да подготвуваат различни јадења. Моќната топлина на 4.3kW индукциската плоча овозможува брзо и интензивно готвење што ги зачувува богатите вкусови, правејќи ја совршена за пржење, печење или брзо зовривање. Плочата има стакло отпорно на гребнатини за лесно чистење и одржување, додека мат црниот финиш додава премиум изглед на кујната.
Дополнително, 7” Sync Burner им овозможува на корисниците да контролираат две одделни грејни зони со една команда, така што можат да останат на иста температура и да функционираат како една голема зона за подготвување на обемни јадења. Овој модел има сертификат ENERGY STAR®, што значи дека целата моќност што ја нуди не доаѓа на сметка на енергетската ефикасност.
Покрај тоа, Dual Four-part Pure Convection™ системот на Dacor овозможува брзо и рамномерно подготвување на повеќе јадења истовремено, без пренос на вкусови. Овој систем го намалува времето за готвење преку рамномерна дистрибуција на топлина низ целиот шпорет. Четирите клучни компоненти на системот вклучуваат:
· 1300W грејач за создавање топлина;
· Конвекциски вентилатор за циркулација на воздухот;
· Специјален дефлектор за рерната што рамномерно го насочува воздухот;
· Тројно-мрежест филтер за спречување на мешање на вкусовите;
Корисниците, исто така, ќе уживаат во луксузниот Art Hairline Finish, кој вклучува долги, хоризонтални четкасти линии на надворешноста од не’рѓосувачкиот челик, создавајќи софистициран мат изглед што совршено се вклопува во секој кујнски ентериер.
Настани на штандот
Посетителите на штандот на Samsung на KBIS ќе можат да користат атрактивна фото кабина, која им овозможува да направат фотографија од минијатурна верзија на себе, седејќи на полицата од џиновскиот фрижидер – и веднаш да ја споделат на социјалните мрежи.
###
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
[1]AI Energy Mode морадабидеактивиранвоапликацијата SmartThings, достапназа Android и iOS уреди. Потребна е Wi-Fi конекција и Samsung сметка.
ПР објава