Божиќните празници ќе ги празнувам надвор од дома, но нема да ја изоставам божиќната традиција: Фолкерката Сања Ристеска за Женски магазин
Една од најпознатите македонски фолкерки Сања Ристеска во моментов е во Австралија. Таа таму ја дочека најлудата ноќ, работно, а ни откри како ќе ги помине празниците.
Сања, останува лојална на професијата на новогодишната ноќ а на сите читатели на Женски магазин, им порачува:
„Она што го посакувам за сите вас,
е воедно, и апел... бидете задоволни од себе, и својот живот, не споредувајте
се со никого, и не барајте премногу, затоа што, убавината на животот е во
малите нешта.
По што ќе ја памти Сања годината што изминува, а што ќе си посака за 2023?
-
Годината која полека, полека ја испраќаме, за
мене беше доста значајна како на приватен, така и на професионален план има
моменти кои се вредни за паметење... што ќе се осмелам, и ќе си посакам, во
2023 да се задржи континуитетот, секако имам желби и планови, и се додека човек
има ќе чекори напред.
-Колку Сања му се радува на новогодишниот амбиент?
-
За нова година буквално се претворам во „мало
дете“, сакам т.е негувам сѐ, амбиент, украсување, и подароци,
максимално уживам во сѐ.
*Какви спомени од детството и будат празниците на Ристеска?
- Спомени, на денови поминати со најблиските, во топол дом,
и семејна атмосвера.
*Како и каде годинава ќе го прослави Божиќ?
- „Каде и да си, за Божиќ дома да си“ , за жал оваа година
Божиќните празници, ќе ги празнувам надвор од домот, а причина за тоа се моите
работни обврски во Австралија, но нема да ја изоставам традицијата, бидејќи
ја негувам традицијата и сум таков човек по природа, воспитана во тој дух, божиќните обичаи ме
радуваат, ...празнична атмосфера, богата божиќна трпеза, секако, и подарците не
изостануваат.
Ирена Ставрова