,

Sara Fashion со дијамантска сензација на модно шоу во Скопје

Добивај вести на Viber

Со спектакуларно модно шоу Diamond Sensation модниот бренд Sara Fashion за сите свои соработници и потрошувачи, ја презентираа најновата колекција есен-зима 2018/2019, и го одбележаа својот јубилеј, 19 години успешна македонска приказна. 

„Кога ги посатувивме темелите на компанијата пред 19 години, имавме визија во која веруваме и градиме заедно. Сето тоа е со голем труд на целиот тим кој заеднички ги постигнавме нашите цели и развиваме планови кои освен во нашата земја, ги проектираме во Србија и во блиска иднина на останатите европски пазари. Ние како етаблирана модна компанија на нашите потрошувачи сме лојални и им нудиме секогаш повеќе“ изјави Дејан Спасовски, сопственик и генерален менаџер на Сара Фешн.

Новата колекција на пижами, хулахопки и долна облека на брендовите SF и Penti, предводени од модниот дизајнер Ивана Кнез ги презентираа манекенки од Србија и Македонија. Ревијата беше поделена во четири излагања на колекциите SF Sleepwear, Penti Lingerie, SF Sportwear и SF Fine Lingerie за престојната есен-зима 18/19, кои може да се купат од 17-ти септември во сите продавници на Сара Фешн.

На ревијата големо изненадување беше ѕвездата која се врати во Македонија, естрадниот магазин Бекстејџ. Присуствуваа познати еминентни личности од естрадата и од бизнис секторот. Настанот го отвори Марјана Станојковска со танчери. Публиката имаше можност да ужива во нашиот евровизиски претставник Јана Бурческа и Виктор Апостоловски, зумба предводени од Kate team, придружени од бендот Роки 007 и диџејот TeboNegett. Моделите беа нашминкани од Студио Фран и фризура од Ателје Тренов.

„Втора година по ред го организираме овој спектакл, на кој, сите љубители на модата им ги презентираме нашите уникатни парчиња од различни програми, како памук, чипка, спортски дел и секси дел. Сара Фешн не следи трендови, туку ги поставува“ вели Ивана Кнез, моден дизајнер. 

Поддржувачи на целиот настан беа винарија Стоби, Кожувчанка, Водка, Пелинковац, енергетски пијалак , Toyota, Фран, ресторан Парк. – ова само детали дадат.

Sara Fashion е семејна компанија за дистрибуција на чорапи, долна облека, пижами, костими за капење, модни додатоци, која од своето основање во 1999 година, до денес работи со истиот ентузијазам и љубов, вложување и едукација во своите кадри и постојано проширување на своето производствено портфолио. 

Компанијата особено внимание посветува на квалитетот на своите производи, сето тоа постигнувајќи го со контрола и имплементирани стандарди во работењето, а резултатот е бренд кој е препознатлив и прифатлив за сите. Покрај сопствен бренд, компанијата е ексклузивен застапник на повеќе светски брендови и тоа: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano.