Сара живее и работи овде, во Македонија: Еве како изгледа денес ќерката на починатиот претседател Трајковски

Сара Трајковска имаше само 15 години кога остана без татко ѝ, претседателот Борис Трајковски.
По подолго време јавноста вчера имаше можност да ја забележи ќерката на починатиот поранешен претседател на одбележувањето 21 година од несреќата во која загина Трајковски и осумчлената делегација.
Загубата на едниот родител, како врз нејзините најблиски, оставило трага и врз Сара, и нејзиниот живот.
Иако била длабоко погодена, со текот на времето научила да живее со болката, но од друга страна научила да го цени секој миг од животот.
Сара студиите ги заврши во Лондон, а работата ја однесоа и во САД каде што волонтирала во Постојаната мисија на Македонија при Обединетите нации во Њујорк, потоа кариерата ја почнала во МНР , а од таму била испратена да служи како дипломат во Мисијата, каде работела 3 и пол години.
Повеќе од 4 години Сара живее и работи во Министерството за надворешни работи.
Ако погледнете низ нејзиниот Инстаграм профил, ќе заклучите дека Сара обожува да патува и шета низ светот. И самата во една изјава за сајтот црнобело кажува дека патувањето е нејзина страст и дека сака да посетува различни земји.
Иако многумина мислат дека и Стефан, братот на Сара не е во Македонија, сепак не е така.
Стефан живее и работи овде, дипломирал на Правен факултет во Скопје, а по студенстката размена во Холандија, е вратен во Македонија.
Многу време Сара поминува и со својата мајка, Вилма Трајковска . Заедно работат на проекти и настани поврзани со Меѓународна фондација „Борис Трајковски“.
Фондацијата е формирана пролетта 2004 год. со цел да го продолжи делото кое го остави во наследство покојниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, и истата постои за да ја извршува својата мисија, како и целите и задачите, преку разновидни активности и програми.
Фондацијата ја раководи Управен одбор, а програмските активности ги извршува професионален тим. Фондацијата има и Почесен одбор, составен од индивидуалци од Македонија и од светот кои се залагаат и ги поддржуваат ставовите и вредностите на Претседателот Трајковски.
Претседателот Трајковски беше особена личност, кој се посвети себеси многу повеќе од она што се бараше од него како претседател. Тој беше вистински народен човек и го живееше својот живот посветен на својата земја Македонија, како и на поголема регионална и меѓународна соработка. Како голем поборник за единствена Македонија, Претседателот Трајковски беше активен во сè она што го правеше, вистински верувајки дека Македонците со различно етничко и религиозно потекло можат да живеат и работат заедно.
Фондацијата работи во Македонија и е посветена на создавање трајна позитивна промена во земјата која постепено ќе создаде постабилна, посигурна и просперитетна држава, регион и свет.
РЖМ
ФОТО: Официјален профил Сара Трајковска