Животна училница // Приказни
„Сарке мила, ќе те паметам дур дишам“: Џамбазов емотивно
- 17 Март, 2025 20:32

„Имаше очи што зборуваат.
На земја те соборуваат.
А под нив една насмевка вредна вечност.
Сарке мила, ќе те паметам дур дишам...“ - напиша маестро Игор Џамбазов емотивно во објава на социјалните мрежи.
Покрај емотивните зборови упатени за починатата Сара која пееше како придружен вокал во групата ДНК а која настрада во пожарот кој зафати дискотека викендов во Кочани, Џамбазов сподели и фотографија од неа.
Под објавата на Џамбазов се нижат коментари за преголемата тага и загуба.