Саша Поповиќ донел одлука: Веќе се знае кој ќе ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“

Откако вчера за првпат по смртта на сопругот, Ана Бекута се огласи и соопшти дека се повлекува од јавноста,  Саша Поповиќ, директорот на Гранд продукција се најде во голема дилема, бидејќи Бекута долги години е постојан член во жирито на „Ѕвездите на Гранд“. 

Но српските медиуми денес пренесуваат дека Поповиќ веќе дошол на идеја Ана да ја замени со Мира Шкориќ. 

Мира Шкориќ долго време работи со кандидатите, а наводно Саша смета дека е одлична за ова жири бидејќи е во кавга со Цеца, а порано биле добри другарки.

„Мира Шкориќ работеше со кандидати за други ментори, ги подготвуваше за натпреварот. Саша сака таа да ја замени Бекута, бидејќи смета дека би била одлична за шоуто. Цеца Ражнатовиќ и Мира не разговараат, па верува дека емисијата би била многу повозбудлива и подинамична и дека би ги привлекла гледачите да ги гледаат нивните пресмерки “, вели непознат извор за српски медиум.

извор:srbija24.info