Сашко Коцев низ песна ги опомена неодговорните возачи

Добивај вести на Viber

Актерот Сашко Коцев на оригинален начин ги опомена возачите кои несовесно се паркираат на местата каде што има ознака за инвалиди. Коцев посочи на оние кои за да бидат поблиску до влезот на трговскиот центар, ги оставаат автомобилите каде што не треба.

Познатиот актер, на својот Фејбсук профил напиша стихови во стилот на поетската творба „Денови“ од Кочо Рацин. 

"Пусти мерак да се паркирам на место за инвалиди по молови. Пусти мерак таблицата да ми е со 4 исти бројки мамо. Пусти мерак, пуст да би останал, мори мамо не поминува", напиша Коцев на Фејсбук. Неговите пријатели и следбеници го поддржаа во коментари под објавата.