Се бакна со сестра си во уста и исчезна: Каде е денес и како изгледа братот на Анџелина Џоли (ФОТО)

Денеска никој не го препознава - Џејмс Хеjвен, братот на Анџелина Џоли, исчезна од јавноста по прочуениот бакнеж со сестра му, пред 22 години.

Сите се сеќаваме на сцената од Оскарите кога Анџелина Џоли го бакна во уста својот брат Џејмс Хеjвен.
Џејмс (49), кој е две години постар од Анџелина, тогаш бeше многу актуелен, додека во последните години е вистинска мистерија.

Денес, братот на познатата актерка води мирен живот далеку од рефлекторите, а сакал или не, сигурно ќе остане запаметен по бакнежот со Анџелина на црвениот тепих во 2000 година.

View this post on Instagram

A post shared by @butterfly______effect


За тоа се зборува и денес, а за многумина тоа беше чуден братско-сестрински однос. Џејмс извесен период беше присутен на речиси сите папарацо фотографии на Анџелина Џоли - висок маж, со необичен, леден израз и секогаш со темни очила за сонце.

Сепак, тоа не беше прв пат Џејмс да ја бакнува својата сестра во уста на јавен настан. Братот и сестрата исто така се бакнуваа на доделувањето на Златните глобуси претходно истата година.

фото: Getty Images/Rex

Се разбира, бакнежот беше целосно „невин“, вели Џејмс.

„Немавме француски бакнеж на Енџи“, изјави Хејвен за Дејли Меил во 2007 година.
- Таа се подготвуваше да оди во Мексико за да го заврши снимањето на „Првиот грев“ со Антонио Бандерас. Ѝ честитав на Оскарите и брзо ја бакнав во усната, но тоа стана голема работа, додаде Хејвен.

Непрепознатливиот Џејмс Хејвен деновиве е виден додека купувал намирници во Малибу и на прошетка, а бил облечен во бело со капа и очила за сонце на главата. Иако носел очила и капа, сепак папараците го препознале и го фотографирале. Не се израдувал кога ги видел папараците, бидејќи очигледно сака да живее мирен живот, далеку од камерите и сцената.

фото:profimedia

Инаку, Џејмс е во врска со својата девојка Ешли Рејн веќе 12 години, а минатото лето папараците после долго време имаа можност да го снимат, а додека Анџелина беше во брак со Бред Пит, тој наводно се грижел за нивните деца.

- Врската на Џејмс и Ешли му донесе големо олеснување на Бред, кој понекогаш чувствуваше дека Џејмс премногу се врти околу нив, тврди пријател на поранешниот парот за странските медиуми.

 Странските медиуми пишуваат дека нетрпеливоста меѓу Бред Пит и Хејвен, кој повремено живеел со парот, достигнала неподносливи размери и затоа бракот на холивудските ѕвезди завршил. Многумина тврдеа дека Бред ѝ поставил ултиматум на Анџелина - или тој или нејзиниот брат.

- Анџелина и Џејмс сега се целосно разделени. Тие беа неразделни и најдобри пријатели. Тој ѝ помагаше да ги одгледува децата и секогаш посветуваше многу време на нејзиното семејство.
Одеднаш, без посебна причина, престанаа да зборуваат и си заминаа секој на своја страна. Само тие знаат што навистина се случило, изјави еднаш извор близок на актерката.

Џејмс денес е фокусиран на продукција и режија, исто како и неговата сестра.

извор:stil.kurir.rs
ГАЛЕРИЈА: PROFIMEDIA