Сега се борат со болеста на ќеркичката: Славниот пар ја доживеа најубавата љубовна приказна, но и најлошиот развод

На почетокот на нејзината кариера, Дениз Ричардс се сметаше за една од најубавите и најатрактивните актерки во Холивуд, а нејзиното убаво лице тогаш го воодушеви и проблематичниот Чарли Шин, со кого влезе во брачните води.

Двојката беше во брак од 2001 година, па се до 2006 година, кога Дениз поднесе барање за развод, што беше проследено со еден куп грди зборови и ниски удари.

Извесен период, целиот свет буеше за тоа низ каков пекол и психо-физичко мачење поминуваше Дениз со Шин. За време на тој турбулентен период, Дениз го нарече Шин а „педофил“, како и „невработен и свиња“ и го обвини за бројни измами, алкохолизам и коцкање. Тој не ја штедеше, и често зборуваше дека е „лоша мајка“.

После овој тежок период низ кој поминаа двајцата, Дениз сепак најде среќа во љубовта, па во 2018 година, по едногодишна врска, се омажи за актерот Арон Пиперс, кој е огромна поддршка и помош во одгледувањето на нејзините ќерки.

Актерката со години се бори како лавица, така што нејзините деца не пропуштаат ништо, со оглед на тоа дека Шин неодамна стана активен како родител во нивните животи.

 Дениз, исто така, имаше многу проблеми со растењето на најмладата ќерка, Елоиз, бидејќи и беше дијагностицирано нарушување, недостаток на хромозом 8.

- Поради нарушувања на хромозомот, се развиваше исклучително бавно. Долго време, таа не беше во можност да седи сама, а прооди на двегодишна возраст, со помош на физикална терапија. Таа може да изговара само неколку зборови. Понекогаш се однесува како и секое друго седумгодишно девојче, а понекогаш е на ментално ниво на тригодишно дете. Тоа е тешко. Учам нешто ново секој ден, затоа што не постои прирачник или упатство како да се однесуваме кон дете со ова нарушување - рече Дениз во една пригода.

извор:glossy.espreso