Се копираат една со друга: Фустанот кој дамите од кралското семејства го носеа 9 пати (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Како изгледа совршениот фустан на принцезите?

Можеби облекувањето како принцеза звучи комплицирано на оние кои не се, но на вистинските принцези изгледа одбирањето облека не им задава многу маки - сѐ што им е потребно е сако-фустан, кој дамите од британското кралско семејство досега го носеле дури 9 пати.

Пред неколку дена, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон се појави на еден настан по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето во црн фустан од лондонскиот бренд „Self-Portrait“. Во прашање е модел кој е кроен по фигурата, кој има квалитетно сако од букле, со ремен кој ја истакнува половината и плисирано шифон здолшните, украсено со тантела.

Необичниот и многу елегантен фустан, малку инспириран од готик стилот, очигледно е многу омилен помеѓу дамите од кралското семејство, бидејќи неодамна на бдеењето на кралицата Елизабета Втора, го носеше и принцезата Беатрис од Јорк.

Кејт Мидлтон го овој модел и во кремова варијанта, а го носеше на еден прием во Бакингемската палата во 2021 година. Како што пишуваат британските медиуми, во една прилика е видена и во трета верзија - со извезено сако и здолниште од креп.

Во црната верзија на овој сако-фустан е видена и Флора Вестербег, внуката на принцезата Александра, која е роднина на покојната кралица, а го носеше на погребот на Елизабета Втора.

Пред неколку дена, кремовата верзија на овој фустан без ракави носеше и принцезата Мадлен од Шведска, а модните портали забележаа дкеа досега овој шик модел дамите од клаското семејството го носеле 9 пати.

Цената на фустанот изнесува нешто повеќе од 450 евра, а достапен е во верзии за различни сезони и прилики.

фото: Принтскрин / Инстаграм