Се мажеше четири пати, се забавуваше и со Роналд Реган: Почина холивудската дива Дорис Деј

Холивуската легенда Дорис Деј почина на 97 години. Смртта ја потврди нејзиното здружение. „Имаше одлично здравје за нејзините години, но неодамна се разболе од сериозна пневмонија“, информираат од фондацијата Doris Day Animal Foundation.

Актерката од златните години на Холивуд починала во нејзиниот дом во Калифорнија, опкружена од блиски пријатели.

Деј се мажеше четири пати, но имаше само еден син, Тери, кој почина во 2004 година. Во едно интервју призна дека првите три сопруга не ја третирале како вистинска жена. Првиот ја малтретирал, вториот ја напуштил, а третиот банкротирал. 

Помеѓу вториот и третиот брак, кратко се забавуваше и со Роналд Реган

Деј страдаше од депресија, имаше панични напади и голем страв од летање. По снимени 39 филма во период од две децении, во 70-те се пензионира и се посвети на заштита на правата на животните.

Со Рок Хадсон во Pillow Talk

Во 1960 година беше номинирана за Оскар за најдобра актерка за филмот Pillow Talk. Во музичкиот свет ќе остане запаметена по големиот хит Que Sera, Sera оригинално снимен во 1956 година.