Се надевам дека син ми ќе умре пред мене: Шокантна изјава на пејачката која ќе ве трогне

Иако нејзиниот љубовен живот е пред очите на јавноста повеќе од 20 години, она што ретко го гледаме кога е Кети Прајс во прашање е нејзината страна кога е со синот Харви.

Како што неколку пати има изјавено, токму неговата љубов ја извлекла од најмрачните периоди во животот.

Оваа недела страшно се исплашила кога полуслепиот Харви се пожалил на болка во градите. Веднаш отишле на болница и се испоставило дека има инфекција. Докторите го прредупредиле Харви кој пати од Прадер Вили Синдром, дека може да добие срцев удар доколку не изгуби тежина.

Кејт тогаш изјави нешто многу шокантно:

- Знам дека звучи грозно, но би сакала да умре пред мене, бидејќи не би умеел да се снајде без мене. Моите останати деца би биле тажни ако умрам секако, но Харви не би разбрал зошто не се враќам.