Се огласи Милош Биковиќ: Ги поддржа Милена и Ива, па им се обрати на сите што бројат „поддршка и лајкови“

Ѕвездата на филмот и серијата „Јужен ветер“, Милош Биковиќ сподели слика од актерката која ја силувал Мика Алексиќ

Бројни јавни лица дадоа поддршка на младите актерки кои го пријавија наставникот по глума Мирослав Мико Алексиќ за силување и сексуално вознемирување.

Сликата на Милена Радуловиќ, актерката која беше силувана од Алексиќ кога имала 17 години, ја сподели Милош Биковиќ на неговиот профил на Твотер.

„Отсекогаш си била борец“ стои на цртежот на Милена Радуловиќ со круна на главата.


Потоа преку сторињата на Инстаграм им упати јасна порака на оние кои ги критикуваа и напиша: "Милена е моја пријателка. Мој храбар пријател и јас секогаш го знаев тоа, и кога ја гледав на испитите на ФДА и додека заедно работевме во Русија.

Ива е прекрасна млада уметница, од мојата театарска куќа, јас бев асистент во нејзиниот клас, а сега таа покажа колку е зрела. Да не се случеше во мојот близок круг, моите пријатели, моите колеги, девојките што ги гледав како прераснуваат во прекрасни млади жени и уметници, веројатно никогаш не би знаел колку може да биде тоа страшно. Тие знаат дека ја имаат мојата љубов и моја поддршка.

Двете, и сите мои колешки и колеги, но и секоја жена што некогаш се нашла или ќе се најде во слична ситуација. Вие не сте сами.

А, сите што бројат гласови за поддршка, лајкови или крвни клетки – направија од оваа тема она што никогаш не требаше да стане.

 Во оваа прилика, би сакал да ги охрабрам другите жени кои имале слично искуство да зборуваат“, напиша Биковиќ.

Инкау, Алексиќ вчера беше сослушан пред Вишото јавно обвинителство, каде ја негираше вината, по што му беше одреден притвор во траење од 30 дена.


Фото: Твитер/Printscreen/Youtube/Ana Ćurčin - Alone/Инстаграм/MilosBikovic

Можеби ќе ве интересира:

За девојчињата, за иднината