Се омажи ТВ новинарката Јана Серафимова: Најмногу го сакам Горан затоа што е креативен 24/7
Јана Серафимова, убавата новинарка која е вљубена во спортот и на „Телма“ ја води емисијата „Ферплеј со Јана“, вчера направи свадба со својот сакан Горан Петровски. Јана и Горан го склучија граѓанскиот брак минатата година, и уште лани, Јана за Женски магазин рече дека стрпливо ќе чека да попуштат рестриктивните мерки, а големата забава ја планира за на лето.
Јана специјално за Женски магазин испрати фотографии од убавата ноќ. За свадбена веселба, таа и Горан ја избрале вила „Ина“, а таа вели дека си поминале прекрасно.
Венчаницата за Јана ја креирала Антонија Ристовска, а Зоран Шурбевски се погрижил за шминката. -Си поминавме најубаво на целиот свет, журката беше супер, дури и над нашите очекувања, благодарение на веселите гости. Пере од Нокаут ни е пријател, па со задоволство прифати да ни ја отпее ,,Мене ми припаѓаш" за првиот танц, а во текот на целата вечер ,,Тумбао Салса Бенд" не дозволија ни минутка да седнеме, игравме - сите! Пресреќни сме што нашите драги роднини и пријатели кои живеат во странство, најдоа начин да дојдат и да прославиме заедно, меѓу нив и брат ми кој, единствено викендов немаше професионални обврски во клуб или репрезентација. Меѓу присутните секако беа и моите драги колеги од Тв24 и ТвТелма .“, ни раскажа Јана.
Нејзин иот брат Никола Серафимов е инаку успешен македонски фудбалски репрезентативец и игра за унгарски „Залаегерцег“.
Младенците се’ уште немаат одлучено каде ќе одат на свадбено патување, велат дека сaкаат прво да одморат неколку дена.
Јана накратко ни ја раскажа љубовната приказна со Горан.
- -Се запознавме на „Д фестивал“, работно бевме таму и двајцата. Организаторите на фестивалот дојдоа на свадбата и се смеевме - стројници ни се хаххаа! Другари ни се. Кај Горан, најмногу го сакам тоа што е добар и чесен, секоаш насмеан, сите го знаат по смешките и по многу добрата смисла за хумор. Креативен е 24/7 да ги смее сите“, рече Јана за својот сопруг.
М.Џаровска
Фото: Приватна архива