Се ожени министерот Благој Бочварски: Маринела е нежна невеста во романтична венчаница (ФОТО)

Се ожени министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

Минатата година во август тој ја побара раката на неговата избраничка Маринела Серафимова, а вчера тие правеа свадба.

Првите фотографии од свадбата на Бочварски ги објави сопругата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Маринела е нежна невеста со романтичен невестински фустан кој одлично ѝ прилега.

Инаку актуелниот министер за транспорт и врски, Бочварски, две години е во врска со 26 годишната Маринела која е од Штип. 

Се вери Благој Бочварски: Која е избраничката на министерот ?

фотографии:Фејсбук