Се поправи во текот на зимата, а потоа одлучи да ослабе: Слаѓа Алегро ја откри тајната диета од која се преполови
Ги изгуби килограмите кои ги доби во текот на зимата...
Пејачката Слаѓа Алегро раскажа дека зимово успеала да се поправи околу 10 килограми, па потоа одлучила да се стави на диета, за да дојде до посакуваната килажа, односно за да ослабне.
„Бев на нутриционист, кој ми напиша посебен режим на исхрана. Најважно е што не сум воопшто гладна. Ми годат продуктите кои ги додадов во своето мени, бидејќи се чувствувам добро. Откако се хранам здраво, повеќе не сум постојано уморна. Ослабнав шест килограми, но уште не сум задоволна“ - кажа Слаѓа за „Информер“.
Потоа се осврна и на промените во својата исхрана кои морала да ги направи.
„Се трудам оброците да ми бидат мали. Нема повеќе од полна чинија. Воглавно појадувам овесна каша со семки, костени и свежо овошје. Често правам и палента или варени јајца. Кога станува збор за ручекот, најдобро е да биде нешто што се јаде со лажица. Значи нешто чорбесто, а понекогаш внесувам месо и зеленчук.“
Истакна дека почнала да слабее откако почнала да прескокнува вечерата.
„Најдобро е да не се јаде ништо по 18 часот, бидејќи тогаш се лепи храната таму каде што не треба. Секако кога сум гладна, пијам јогурт или јадам кисело млеко, кое содржи мал процент на масти.“
фото: Принтскрин / Инстаграм