„Се пораѓав 11 болни часа“: Шехерезад објави емотивни фотографии од породилиште, ги расплака сите

Турската актерка Бергузар Корел (39), која е позната по улогата на Шехерезад и Халит Ергенч (51), кој го паметиме како Сулејман Величествениот, пред две недели добија трето дете - ќерката Лејла.

Шехерезад на својот Инстаграм објави серија емотивни фотографии од породувањето и откри дека се породувала 11 часа. Исто така, со ова таа ја искористи приликата да им се заблагодари на сите кои биле со неа во тие моменти.

Како што напиша, папочната врвца на бебето била обвиткана околу вратот, а она што е интересно е што Бергузар го предвидела точното време кога бебето ќе се роди.

Заедно со описот под фотографиите, каде откри се за ситните компликации, им даде поддршка и на идните мајки.

На фотките е и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, кој цело време бил со неа за време на раѓањето на бебето.


- Приказната на Лејла беше единствена од првиот до последниот ден. И покрај силните болки додека излегував од дома, реков: „може да го родам ова девојче само во 10 часот наутро“, а тоа го кажав кога влегов на вратата од болницата. Кон крајот на 40-та недела, мојот лекар рече: „Има причина зошто ова девојче сè уште не е родено, можеби и е кратка папочната врвца.“ Иако поминаа часови и моето тело ги заврши сите подготовки за да дојде бебето, се‘ уште бев непородена. По болни 11 часа поминати во болница, Лејла се роди токму како што реков, во 10 часот, со кратка папочна врвца завиткана околу вратот - напиша актерката, која се породи со трето дете, додавајќи дека секое породување е различно.

„Убаво, ме расплакавте“, „Толку емоции на секоја фотографија, нереално“, „Колку љубов, ме расплака“, се само дел од коментарите на фановите.


Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел