Се породи Хурем Султан и сподели нежна фотографија: Бебето доби значајно име
фото:profimedia
Мерием Узерли, турската актерка која се прослави како Хурем Султан во серијата „Величествениот“, се породи на 8 јануари со своето второ дете.
Мерием доби ќерка, а од фотографијата може да се види дека девојчето веќе има коса.
Актерката истакна дека е пресреќна, а го откри и името на нејзината наследничка.
Таа ја сподели среќната вест на „Инстаграм“, каде објави и фотографија на која позира со новороденчето во раце, а емотивната сцена ги разнежни сите.
„Вчера, 8 јануари, 2021 година, драга моја Лили Кои... Лара, тато и јас сме пресреќни што си дел од нашето семејство. Благословени сме и среќни што ни се придружи“ - напиша убавата Маријам, а честитки следуваа во коментарите.
Маријам ја има ќерката Лара, која ја роди во 2014 година додека беше заљубена во Кан Атеш.
"Ако сè оди како што треба, ќе родам девојче во јануари. Лара долго време сакаше брат или сестра, пресреќна сум што нејзината желба наскоро ќе се оствари и среќна сум затоа што го основам своето семејство", изјави Хурем за турските медиуми во септември, но не сакаше да го открие името на нејзиниот емотивен партнер, со кој ја доби Лили.
Инаку името на ќеркичката, Лили, на латински значи „бел цвет“, а девочињата со тоа име најчесто се сметаат за весели, компетентни, модерни, среќни.
извор: glossy.espreso.rs
Познатата Хурем по примерот на светските ѕвезди: Актерката го покажа трудничкиот стомак во 9 - от месец