Се породи Шехерезада: Третата среќа на турската актерска двојка е девојче

Шехерезада и Онур станаа родители по трети пат.

Турската актерска двојка - Бергузар Корел и сопругот Халит Ергенч, најпознати по улогите на Шехерезада и Онур во серијата „1001 ноќ“, го добија своето трето дете, јавија утрово турските медиуми.


38-годишната Бергузар утрово роди девојче, а како што и порано откри и самата, ќе се вика Лејла. Актерската двојка се уште не се огласила за среќната вест на социјалните мрежи.

Бергузар и Халит се во брак од 2009 година, а покрај Лејла ги имаат и синовите Али и Хан. За третата бременост Бергузар дознала на снимањето на серијата „Knali Yayi“.

„Откако не бев на малите екрани три години, за време на неколкумесечната подготовка за улогата во серијата, дознав дека сум бремена. Иако бременоста не ме спречи да го продолжам проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физичките промени, тие не се соодветни за мојот лик “, напиша тогаш актерката на социјалните мрежи.

извор:index.hr

Совршенство: Турскиот актер на породувањето на сопругата - емотивни моменти и првиот допир со синчето