Се породи водителката од „Брза кујна“: Ќеркичката на Александра доби име со посебно значење

Добивај вести на Viber

Водителката на „Брза кујна“ Александра Илиевска откако дозна дека е во блажена состојба се повлече од малите екрани. Во текот на бременоста одмараше од работните обврските, а на социјалните мрежи често знаеше да ги изненади своите обожаватели со фотографии на кои го покажуваше трудничкото стомаче.

Како што ѝ требаше време да открие дека е бремена, така ѝ требаше време за да ги сподели среќните вести за пристигнувањето на новиот член во семејството. Имено, таа вчера на својот Инстаграм профил сподели фотографија со безброј подароци и балони во розова боја, преку кои соопшти дека на 23 јануари на свет го донела своето прво дете - ќерката Сара.

„Соништата навистина се остваруваат. Официјално е! Сара пристигна на 23.01.2021“ - напиша водителката покрај фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Ilievska (@aleksandra_ilievska_)


Значење на името Сара

Името Сара е од хебрејско потекло, потекнува од зборот Сарај (хебрејски: שָׂרַי). Значењето на името - принцеза, владетел, висока жена. Во Библијата, Сара е сопруга на Аврам (Аврам) и исто така се споменува во Куранот. На арапски јазик (سَارَة) името значи „оној што им носи среќа на гледачите, весел и радосен“.