Се распродале становите во Охрид: По 1.500 евра за квадрат во зградата на Усеини

По 1.500 евра за метар квадратен плаќале граѓани за станови во Охрид оваа година. Според информациите на Фактор, за толку се продавале становите во зградата за која се знае дека е поврзана со Нефи Усеини, советникот во општина Охрид за кој јавноста доста знае, а е добро познат и во Охрид. Тој е сопственик на фирмата Нефи ИК.

Од Агенциите за недвижнини во овој град за Фактор велат дека годинава имало јагма за станови во градот. Со оглед на тоа што понудата е помала, а имало голема побарувачка цените отишле нагоре. Агенти за продажба велат дека становите се продавале за 1.300 - 1.400 евра за квадрат. Ова е навистина висока цена, каква не е регистрирана ниту во центарот на Скопје каде недвижнините се доста поскапи со години.

Целиот текст прочитајте го тука, на Фактор.мк