Се разведе од Адријана Лима, но останаа во здрава, пријателска врска: Еве зошто Марко Јариќ е најдобриот татко
Поранешниот српски кошаркар секогаш наоѓа време да биде најдобар татко за своите наследнички.
Поранешната брачна двојка Адријана Лима и Марко Јариќ, кои го завршија својот брак на пријателски начин, се зближија уште повеќе за време на пандемијата за да им го олеснат периодот на социјална изолација на нивните ќерки.
Прославениот српски кошаркар и успешната манекенка Адријана Лима дефинитивно работат на својата квалитетна врска иако не се во брак, а сепак се однесуваат сосема спротивно од она на што сме навикнати кога двајца ќе раскинат брак.
Знаат што им е приоритет и која е нивната најголема обврска како зрели родители.
Валнетина и Сиера се преслатки девојки кои апсолутно уживаат во здравата врска на нивните родители и ја користат секоја прилика да се забавуваат, без разлика каде се наоѓаат.
Дека Марко е фантастичен татко сведочат и неодоливите фотографии од неговиот Инстаграм, па неговите ќерки уживаат покрај ваков татко!
Врвен стил, совршено момче, среќа во очите: Адријана Лима е жена која има сѐ (ФОТО)