Се разведуваат Мелинда и Бил Гејтс: Потврдија дека ставаат крај по 27 години брак

фотоPROFIMEDIA

Од ноќеска ударна вест во Америка, па и целиот свет е дека основачот на „Мајкрософт“ и американскиот милијардер Бил Гејтс се разведува од сопругата Мелинда по 27 години брак.

Тој на својот профил на Твитер објави дека ќе се разведе. А истото го објави и Мелинда.

Во образложението, тие велат дека не се повеќе еден за друг, по 27 прекрасни заеднички години и напорна работа на нивната врска, но дека ќе продолжат да работат заедно.

„После многу работа на нашата врска, решивме да ставиме крај на нашиот брак. За 27 години одгледавме три неверојатни деца и создадовме фондација што им помага на луѓето ширум светот да живеат здрав живот. Продолжуваме да ги делиме нашите верувања за таа мисија и продолжуваме да работиме заедно на тој проект, но веќе не веруваме дека можеме да успееме како пар, ниту пак сметаме дека можеме да се развиваме како пар во понатамошните фази од нашите животи. Ве замолуваме за простор и приватност во име на нашата фамилија“, напишаа тие на своите профили.


Минатата година Бил Гејтс се повлече од администрацијата на „Мајкрософт“ кога пандемијата со коронавирусот започна да станува глобален проблем.

Со текот на времето, Гејтс почна да поминува повеќе време на непрофитна фондација која го носи неговото име и името на неговата сопруга, и двајцата се копретседавачи и доверители на фондацијата.

Бил и Мелинда Гејтс се запознале во Мајкрософт. Таа тогаш била маркетинг менаџер во компанија за софтвер.

Бил Гејтс е меѓу најбогатите луѓе во светот.

извор:mondo.rs