,

Се роди пет месеци предвреме, со 337 грама и 0% шанси да преживее: Сега го прослави 1. роденден и е запишано во Гинисовата книга на рекорди како најмало родено бебе на планетата

Бебенце кое се роди пет месеци предвремено, со 337 грама и 0% шанси да преживее, го прослави првиот роденден.

Бебенцето Ричард Скот Вилијам Хачинсон од САД е запишано во Гинисовата книга на рекорди како најмало родено бебе на планетата, бидејќи тежело само 337 грама кога мајка му Бет го родила скоро пет месеци пред датумот на породување.

Малиот Ричард Скот Вилијам Хачинсон од американскиот град Сент Кроа, Висконсин, е роден со само 337 грама и бил толку мал, што неговите родители можеле да го држат во дланка, сега тој е запишан во Гинисовата книга на рекорди, и поради неговата големина со која е роден, но исто така и поради фактот што успеа да ги победи сите проценки на лекарот кои беа - 0% шанси за преживување.

Ричард е роден 131 ден пред очекуваниот рок во болница во Минеаполис, Минесота, односно во четвртиот месец  од бременоста, откако неговата мајка Бет имала комплицирана бременост. Лекарите одлучиле да ја породат и покрај фактот дека бебето било само нешто повеќе од четири месеци, не давајќи скоро никакви шанси да преживее.

Да биде работата уште полоша, мајката и таткото на детето не можеа да бидат во болница со него, бидејќи строгите епидемиолошки мерки беа на сила поради коронавирусот, но го посетуваа секој ден.

- Се погриживме секој ден да бидеме таму за да го поддржуваме - рече таткото на Ричард и додаде дека верува дека тоа му помогнало на детето да помине низ сè, бидејќи чувствувал дека може да смета на нив.

Во декември 2020 година, откако помина повеќе од шест месеци во болница, Ричард конечно беше пуштен дома.

- Не можев да верувам дека тоа е истото момче кое порано беше толку болно, што се плашев дека нема да преживее. Истото мало момче што го држев на дланката, со толку проѕирна кожа што можев да му ги видам ребрата и вените на крвта. Толку сум горд на него - рече неонатологот Стејси Керн.

На 5 јуни, годинава, Ричард го прослави својот прв роденден, посилен од кога било, во друштво на неговото семејство и три кучиња.

извор: republika.rs