Се сеќавате ли на шок фустанот на Лепа Брена кој пред 3 недели го шокираше Балканот? Најдобрата модна блогерка на светот го носеше истиот и никој не се пожали

Добивај вести на Viber

Една од највлијателните модни блогерки во светот, Леони Хане, вчера се појави на ревијата на Скиапарели во предизвикувачко, необично издание кое е невозможно да остане незабележано!

Убавата Германка избра фустан со потписот на овој луксузен бренд, а се работи за краток црн фустан со долги ракави на кој со златни конци е исцртана силуетата на голо женско тело. 

Силуетата е намерно исцртана малку несмасно, уметнички и потребни се неколку секунди за да се задржи вниманието на неа, за да се разбере дека тоа не е случајна шема. 

Леони ја комплетираше комбинацијата со црни, лакирани чизми, и златна, модерна чанта и ефектни обетки, а ова издание неодоливо не‘ потсети на фустанот на Лепа Брена, кој го носеше пред неколку недели на една новогодишна ревија. 

Да потсетиме дека Брена тогаш носеше речиси идентична креација - црн долг фустан со чист принт на голо женско тело, исто така во златна боја. Со ова издание таа крена вистинска бура на социјалните мрежи во Србија и регионот - многумина тврдеа дека креацијата е премногу предизвикувачка, несоодветна и вулгарна, особено поради фактот што новогодишната програма најчесто ја гледаат деца.


Но, Брена не се поколеба од критиките - таа самата призна дека овој фустан е блага провокација и дека може само да им пречи на лажните моралисти.

„Без жената, човештвото не би постоело! Затоа фустанот е посветен на симболот на мајките и жените од целиот свет, Венера! Таа е древен симбол на женската енергија, љубов и убавина. Затоа, овој фустан е симбол на Венера. Самосвесна жена. Истиот стил на облекување е првиот создаден од Жан Пол Готје за Бијонсе“, изјави Брена за „Слободна Далмација“.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм

За оваа трансформација биле потребни 5 часа и 30.000 кристали: Можете ли да препознаете која пејачка се крие под оваа маска која ги шокираше Парижаните и светот?