Се сеќавате на оваа македонска убавица? Беше четврта најубава жена на светот

Сега е сопственичка на лиценцата за Мис на Македонија за Мис на светот, а во младоста, и самата беше Мис. Лидија Велковска, на светски избор за убавина има освоено висок пласман.

*Лидија Велковска- првата од лево

Во 1975 година, како македонска претставничка се пријавила за изборот за Мис на Југославија и победила. Како официјална Мис, таа ја претставуваше тогашна Југославија на изборот за Мис на светот во Лондон и го освои четвртото место. 

Имаше завидна кариера како манекенка и се појави на безброј насловни страници во најреномираните југословенски списанија.

Велковска и сега важи за убава жена.