Се шири лажна вест дека Грција забранила влез на граѓаните од Тетово, Чаир, Сарај

Неколку македонски он лајн медиуми но и интернет страница на најгледаната македонска телевизија споделија лажна вест според која наводно Грција забранила влез на македонски државјани од општините во земјава каде во последните неколку денови има многу новозаболени.

Имено во веста дури има принт скрин од наводно соопштение на грчкото Министерство за надворешни работи во кое стои дека во Грција нема да можат да влезат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и уште неколку општини каде вирусот забрзано се шири. 

„Грчкото министерство за надворешни работи ги информира пограничните служби дека до 1 Јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“стои во цитатот од лажното соопштение од грчкото МНР.



Од Министерството за надворешни работи за Фактор потврдија дека веста е лажна, но и без потврдата станува јасно дека соопштението е дискутабилно. Имено соопштението е на грчки со грчка азбука, а само имињата на општините и наслените места од Македонија се на кирилица.