Сè што не иритира кај другите е проекција на наше лично незадоволство: Луѓето кои наоѓаат недостатоци кај сите, во себе носат море од тага

Прочитајте внимателно ...

„Ние секогаш започнуваме од самите себе. Ги гледаме другите луѓе онака како што сакаме и се засноваме на претходните искуства, а не секогаш како што навистина се“ - Имануел Кант.

„Сè што ве иритира кај другите луѓе е само проекција на вашите лични нерешени внатрешни проблеми“ - Буда

Ниската самодоверба спречува една личност објективно да им суди на луѓето околу него. Овој феномен се нарекува негативна проекција и тој е заштитен механизам со кој нашите недостатоци и слабости ги припишуваме на другите луѓе.

Наместо да ги прифаќаме сите негативни особини, емоции и околности, ние им ги припишуваме на луѓето околу нас, бидејќи е многу полесно. Ние се заштитуваме со систем на негативна проекција.

За да се ослободиме од оваа навика, потребно е да се работи на личен развој и поставување јасни граници помеѓу реалното и она што некому му го припишуваме. Така се надминува конфликтот што се случува во нас самите.

Заштитните механизми работат во прилог на егото

Ние ги проектираме недостатоците на нашата личност врз другите со цел да одржиме позитивна визија за нас самите. Самопочитта и заштитните механизми играат основна улога во заштитата на егото. Таканаречените одбранбени механизми на егото се стратегии кои потсвесно ги користиме за да ја одржиме позитивната перцепција за себе.

Човечкиот мозок разви различни начини да се одбрани од она што може да биде премногу болно или неприфатливо. Таквите механизми нè штитат од признавање на негативните аспекти на нашата личност.

Проблемот настанува кога таквите механизми стануваат автоматски и започнуваме да ги користиме на дневна основа. На овој начин ги вознемирувате реалностите под влијание на сопственото его, кое нема позитивен исход.

Првото нешто што го забележуваме кај другите кажува многу за нас самите

Околината е огледало на состојбата на нашата душа. Како ги гледаме другите луѓе во одреден момент е само одраз на нашата душевна состојба.

Кога ќе почнеме да мислиме дека сите околу нас се полни со омраза, завист и сите други негативни карактеристики, време е да ги преиспитаме нашите животи и мисли.

Кога ќе започнеме непотребно да критикуваме други луѓе, веројатно на тој начин се критикуваме ние самите.


Извор: stil.kurir.rs

Фото:  Shuterstock

Можеби ќе ве интересира:

Најсиромашен човек е оној, кој најмногу сака пари: Мудростите на Симеон Атонски