Се спои неспоивото: Џамбазов и Илина половина година во врска

Омилениот пар на македонската сцена денес прославуваат половина година откако се во љубовна врска.

Пред 6 месеци се спои неспоивото, се вљуби невљубивото, е реченицата со која шоуменот ја опиша врската со алпиниската.
Врска за која, поради активното споделување фотографии на социјалните мрежи, мислиме дека многу знаеме, а сигурни сме дека има толку многу работи кои ги чуваат само за себе, далеку од очите на јавноста.

Сепак, парот несебично ги части обожавателите со заљубени фотки, каде и како ги минуваат деновите, како се забавуваат, а нивната искреност е тоа што најмногу го цениме.
За само неколку месеци тие станаа омилен пар, водејќи не' низ нивните авантури, во нивен хумуристичен стил.

Неодамна Игор зборуваше за почетоците со Илина и дека тој го направил првиот чекор.

Тој покажа и дека е многу внимателен кога станува збор за одбирање на подарок за саканата.

Се фали со неа дека е силна, често знае да се пошегува на нејзина сметка, но и да ѝ ја посвети најубавата љубовна честитка за роденденот.

View this post on Instagram

Пред 6 месеци, се спои неспоивото, се вљуби невљубивото...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on


Им посакуваме уште доолги, долги години љубов!