Се танцувало до зори, сѐ било како бајка: Фотографии од свадбата на Хари и Меган кои досега не беа објавени (ГАЛЕРИЈА)
Доколку ве интересира животот на британското кралско семејство, сигурно сте се запрашале како изгледала кралската венчавка кога се исклучиле камерите.
Во својот документарен филм на Нетфликс, принцот Хари и Меган Маркл зборуваат за ситуацијата со таблоидите, но и за односите во кралското семејство.
Моментот кој многумина го гледаа со интерес беше оној во кој војводата и војвотката од Сасекс го отворија својот свадбен албум. На овој начин со јавноста ги споделија досега невидените моменти од нивниот најсреќен ден.
На фотографиите се гледа дека парот е расположен, ужива во танцување и дружење со гостите меѓу кои актерот Идрис Елба и пејачот Елтон Џон. Прикажан е и раскошен огномет, кој беше договорен за гостите во имотот Фрогмор. Некои од досега невидените фотографии од кралската венчавка можете да погледнете во нашата галерија.
Да потсетиме дека Хари и Меган се венчаа во мај 2019 година. Убавата Меган Маркл ги воодушеви сите во неочекувана венчаница дизајнирана од британската дизајнерка Клер Вет Келер, креативна директорка на модната куќа Живанши. За самата прослава таа се пресоблече во друга венчаница дизајнирана од Стела Макартни.
Фото: Профимедиа
ГАЛЕРИЈА: