„Се убив од вежбање за ова тело“: 75-годишната поп-дива на одмор во Италија, а луѓето се во шок - изгледа помладо за 30 години

Пред неколку вечери на улиците во Портофино во Италија, папарацо-фотографи ја фатија Шер додека уживаше во коктели со пријателите во ексклузивен ресторан.

Познатата пејачка изгледаше спектакуларно и младешки во црни хеланки, бомбер јакна и сандали на платформа.

Кој би рекол дека оваа дама веќе има 75 години - на нејзината фигура би и завидувале неколку децении помлади жени. Очигледно е дека Шер направила пластична операција со цел да ја зачува својата младост, но за разлика од многу нејзини колешки, таа не го сменила својот личен опис.

Таа сè уште е украсена со иста, препознатлива енергија и неверојатна харизма и изгледа барем 20 години помладо. Таа се движи на сцената со иста сила и ентузијазам како на почетокот на својата кариера, пред половина век! Која е всушност тајната? Како се негува Шер? 

Пејачката оди во теретана пет пати неделно, а има и личен тренер, а еднаш откри дека вежба двојно повеќе отколку кога била млада. Покрај теретаната, таа сурфа, ужива во шетање, а понекогаш игра и тенис.

„Се убив во теретана за да имам вакво тело. Не е дека имам неверојатна тајна што никој ја нема", рече таа еднаш. 

Исто така, таа не јаде месни производи и црвено месо. „Не сакам месо, така што повеќето работи што ги јадам се здрави, освен десерт. Се обидувам да избегнувам храна богата со маснотии, бидејќи тоа ми додава тежина. Некое време живеев на сладок, печен компир и Цезар салата. Го избегнувам тоа. Избегнувам да јадам сирење, тешко се вари“, рече Шер во една пригода.

Оваа поп-икона исто така додаде дека нејзиното мени редовно вклучува кафеав ориз, мешунки, тестенини и овошје.

Шер избегнува и алкохол и цигари и вели дека пие само три до четири пати годишно. 

„Не може да наполните 40 години и да мислите дека Бог, владата или некој друг ќе се грижи за вашето тело. Вие сте единствената личност задолжена за вашето здравје и вашето тело", истакна пејачката.

Секако, постои и активна и дневна нега на кожата - таа вели дека комбинира различни производи од неколку производители, а 30 години ја користи состојката Ретин-А во која се колне, иако предупредува дека е потребно да се користи тоа под надзор на дерматолог.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Ја променија верата поради љубовта: 11 познати личности кои се откажаа од својата религија