„Се убив во теретана за ова тело“: Шер (76) ги остави без здив присутните на ревијата во Париз - носеше тесен комбинезон и има неверојатна фигура
Во средата вечерта на ревијата на Balmain во Париската модна
недела Шер беше во улога на
модел - познатата пејачка ја затвори ревијата на луксузната француска модна
куќа.
Таа прошета по пистата во футуристички, тесен латекс комбинезон со необично длабоко деколте и во специфична комбинација на црна боја со металик нијанса која се проткајува меѓу сивата, сребрената и тегет.
Оваа 76-годишна жена уште еднаш потврди дека ни многу помладите колешки не ѝ се ниту до колена и дека навистина изгледа спектакуларно - буквално има совршена линија!
Заедно со овој тесен, предизвикувачки комбинезон, Шер носеше и ракавици од истиот материјал, како и лакирани чизми на платформа, а долгата коса по која е препознатлива ја извитка во бранови.
На пистата во еден момент ѝ се придружи и креативниот директор на брендот Оливие Рустен, кој со насмевки и одлично расположение ја поздрави публиката.
„Штотуку го имав најдоброто поминато време на сцената, се чувствував одлично“, напиша Шер на Твитер веднаш по шоуто.
Да потсетиме, пејачката летово лансираше и своја модна линија во соработка со брендот Версаче, која симболично го носи името Chersace.
Ова шоу е уште една потврда дека Шер изгледа барем 20 години помладо, па не е ни чудо што многумина ги интересира на што ја должи младоста. Јасно е дека има направено некои естетски зафати, но сите знаеме дека тоа не е доволно да остане во добра состојба и негувана во осмата деценија.
Пејачката оди во теретана и до пет пати неделно, а има и личен тренер, а еднаш откри дека вежба двојно повеќе отколку кога била млада. Покрај теретана, таа сурфа, ужива во прошетка, а понекогаш и игра тенис. „Се убив во теретана за да го имам ова тело. Не е како да имам неверојатна тајна што никој друг ја нема", рекла таа еднаш.
Исто така, таа не јаде месни производи и црвено месо. „Не сакам месо, така што повеќето работи што ги јадам се здрави, освен десертот. Се трудам да избегнувам храна богата со маснотии, бидејќи тие ме прават млитава и дебелеам од нив. Во еден момент живеев на слатки, печени компири и Цезар салата. Избегнувам да јадам сирење, тешко се вари“, рекла Шер еднаш.
Поп-иконата додаде дека кафеав ориз, мешунки, тестенини и овошје се редовно на нејзиното мени. Избегнува и алкохол и цигари, а вели дека пие само три до четири пати годишно.
„Не можете да наполните 40 години и да мислите дека Бог, владата или кој било друг ќе се грижи за вашето тело. Единствено вие сте задолжени за вашето здравје и вашето тело“, истакна пејачката.
Секако, тука е и активна и секојдневна нега на кожата - вели дека комбинира различни производи од повеќе производители, а веќе 30 години ја користи состојката Ретин-А, иако предупредува дека е неопходно да се користат под надзор на дерматолог.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Профимедиа
Можеби ќе ве интересира: