Се воодушевуваме на нејзиниот став и изглед, а не знаеме дека имала тешка ментална криза: Само 1 работа ѝ ја вратила самодовербата
Сега таа гледа
на себе сосема поинаку!
Во осумдесетите години на минатиот век таа беше симбол на убавина и привлечност, а светски позната стана по филмот „Сина лагуна“ во кој ја имаше главната улога. Актерката Брук Шилдс неодамна се отвори за патувањето што морала да го помине за да ја изгради својата самодоверба.
И покрај тоа што важеше за една од најубавите жени во тоа време, таа немала доволно самодоверба и самосвест, па се чувствувала несигурно и нецелосно. Неодамна со јавноста сподели едно од нејзините најголеми откритија - жените можат да бидат секси и сензуални на сите возрасти.
– Денеска живеам „во моето тело“ во потполност, повеќе од кога било досега – додаде таа.
Брук имаше напорна претходна година. За време на вежба на даска за рамнотежа, која ја прави секој ден, некоја ситница и го одвлекло вниманието и таа незгодно паднала и ја скршила бутната коска. После тоа, таа морала да оди на реконструктивна операција која ѝостави лузна. Поминала недели на физикална терапија и рехабилитација, пишува Она.
Во едно интервју, таа откри се‘ за нејзината борба со самољубието и чувството за секси, за кое верува дека е дел од да се биде жена на која било возраст. Брук откри дека мисли дека жените треба да се чувствуваат посекси и да го сакаат своето тело уште повеќе како што стареат.
- Верувам дека е заблуда дека жените не можат да бидат секси по одредена возраст. Прифаќањето на вашето тело доаѓа подоцна. Сега живеам во подобра хармонија со моето тело од било кога – изјави таа.
Актерката додаде дека постарите жени често се отфрлаат како неважни во општеството.
- Моето тело всушност се чувствува како да ми припаѓа мене. А не можам да кажам дека така се чувствував во младоста. Мислам дека постои заблуда дека ако не сте во можност да родите, се чини дека не сте важна во светот. Затоа што повеќе не го одржувате светот – рече таа.
Шилдс додаде дека силата и привлечноста на стареењето лежи во самодовербата што жените ја стекнуваат со годините, но и во нивната подготвеност без извинување да прават работи што ги поместуваат границите што некогаш ги кочеле.
- Сега влегувамее во собата со самодоверба и размислуваме, добро, немам што да изгубам. Има опојна едноставност во тоа. Самодовербата е најсекси нешто што сум го сретнала – изјавила во едно интервју.
Таа откри дека до неодамна не ѝ било удобно со своето тело, истакнувајќи дека нејзините 20-ти биле исполнети со страв, а нејзините 30-ти се фокусирале на обидот да се чувствува и да изгледа на одреден начин, додека исто така очајно се обидувала да забремени.
- Во моите 20-ти се плашев од секс, бев девица до 22-та година. Знаете, мислев дека сосексот го навредувам човештвото, затоа што сум католик, не сум мажена и постојано чувствував тежина на вина на моите раменици – рекла таа.
Во 30-тите, всушност не беше за да се биде секси. Во центарот на вниманието беше оптималната работа на телото со цел да се создаде нешто ново. Тоа беше како 10-годишно патување – вели Брук.
Откако се бореше да забремени и мина низ седум рунди на вештачко оплодување во нејзините 30-ти, таа конечно доживеа сексуално будење во 40-тите години и за прв пат го подреди сексот на себе - нејзините потреби и желби.
- Дури во моите 40-ти почнав да размислувам за сексот како за мое искуство, а не за туѓото искуство низ кое само што поминував. „Она што сакам да го знаат моите ќерки е дека тоа е заедничка одлука“, рече таа.
- А мојата кариера? Индиректно ми рекоа дека сега кога наполнив 40 години веќе не сум интересена. 40-тите не се крај, тоа е нов почеток. И јас така се чувствував - на почетокот на нешто ново - објасни таа.
Брук, која има две ќерки - Рован (18) и Гриер (15) сака да им ја пренесе таа важна порака на самољубие на своите деца и нивните врски.
- Не сакам никогаш да се чувствуваат искористени. Сакам да имаат контрола над себе и својот живот и да не се срамат од ништо – изјави таа.
Таа додаде дека во оваа потрага по себе и самоприфаќање важна е и поддршката од партнерот. Романтиката, времето посветено еден на друг, излегувањата и ред други секојдневни работи кои луѓето можат да си ги пружат имаат големо влијание врз самодовербата и одржувањето на љубовната врска, што особено влијае на тоа како се гледа човекот.
- На мојата самодоверба не влијаат надворешните околности. И мислам дека е чудо да поминам низ оваа работа што ја работам цел живот и да преживеам во неа. Мојата вредност не беа надворешни адути, туку виталноста – заклучи таа.