Се забавувале 10 години, а биле во брак само 3 месеци: Дознала за кого се омажила и веднаш побарала развод

После 11 години врска и три месеци брак, открила за кого всушност се омажила - и веднаш поднела барање за развод.

Шерон (38) и Колин од Шкотска се запознале во 2000 година, а 11 години подоцна биле свршени. Потоа, во 2012 година, со брак ја крунисале големата љубов. Барем така мислела Шарон.

Со цел да ги вратат долговите кон свадбата, Колин се повлекол од претходната работа во магацин каде што бил опкружен со мажи и се вработил во локалниот супермаркет.

Неколку недели по промената на работното место, Шерон забележала дека Колин се менува. Прво, тој започнал да останува на работа подолго од вообичаено. Го сменил автершејвот и купил многу нова облека - тука на повеќето веројатно им е јасно за што станува збор.

- Тој стана сосема друг човек. Но, едноставно не можев да поверувам дека тој започнал врска со друга жена толку брзо по венчавката - изјави Шарон за медиумите.

Шарон, сепак, не ги сфатила сериозно овие промени. Но, и привлекло внимание дека Колин целото свое време го поминува дома на телефон. Тогаш сомнежот започнал да расте, а таа чекала можност. Кога конечно можела да седне на компјутерот од сопругот, се логирала на профилот на нејзиниот сопруг на Фејсбук и се изненадила. Се разбира, изненадување од непријатна природа. И така, само три месеци по венчавката, Шерон од среќна и сакана жена „влегла“ во логорот на изневерените.

Имено, на акаунтот на нејзиниот сопруг, Шерон пронашла долга преписка со не една, туку три жени кои не ги познавала. Колин, од друга страна, многу добро ги познавал затоа што работел со нив.

„Бев изненаден колку се забавував со тебе. Не е како да одам низ град и да барам само се*с и јас сум изненаден од ова што се случува колку и ти.

- Кога ќе направите жена да биде фасцинирана од вас, ќе одите предалеку.

- Само знам дека сакам да се случи ова.

- ЛОЛ. Само си збунети.

- Ќе се справам со сите чувства кога и ако се појават. 

Тој запознал некои од овие жени со кои се допишувал на работа, а некои во барот затоа што започнал да свири и во некој локален бенд во некој локален паб. Она што секако е заедничко за сите е дека пораките и флертувањата започнале од моментот кога тој ја сменил работата.

- Никогаш не бев се*си, никогаш не знаев како да бидам, ниту пак сакав да бидам.

- Во случај да не си забележила, јас сум голем ќелав човек кој сигурно не смета дека е привлечен за спротивниот пол. Но, очигледно ми треба нешто и ти ми привлече внимание.

- Чувствував некои „диви“ работи во неделата, само затоа што бев близу до тебе и затоа што знаев што знаев. Но, едвај ми зборуваше и јас бев пресреќна само затоа што го чувствувам она што го чувствувам. На крајот на вечерта бев убедена дека е готово и дека премногу те вознемирувам. И ова не е начин да се решат такви работи. "Комплицирано е". 

Ова на Шерон и дошло премногу, па испратила порака во име на нејзиниот сопруг. 

- Патот до вас сега е целосно отворен за Колин, бидејќи сега тој е повторно слободен - напиша Шерон со додавање на сочна навреда.

И така, само три месеци по венчавката и 10 години заедно, на оваа љубов и дојде крајот. Набргу по ова, таа поднесе барање за развод. 

А, сега таа сака да ја сподели приказната, со целиот свет. Како што вели, таа сака да ги предупреди сите жени да внимаваат на своите момчиња и сопрузи и да бидат многу внимателни штом нешто во нивните навики започне драстично да се менува.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

Беше во брак со силувач, го прикриваше за пари и слава: Според многумина, оваа жена нема право на среќа!