Сѐ започнало со едно глупаво прашање: Шакира и Пике ги пишуваат последните страници од нивната љубовна приказна

Добивај вести на Viber

Денови светските медиуми наголемо пишуваат за разделбата на познатата пејачка Шакира и фудбалерот Пике, а како причина за ова го наведуваат неверството на Пике. За ова се огласија и познатата двојка со заедничко соопштение и замоли да се почитува нивната приватност, за да можат да ги заштитат нивните две деца.

Иако на крајот излезе дека нивната љубов е со рок на траење, во продолжение ве потсетуваме како започна сѐ.

Шакира Изабел Мебарак Рипол е колумбиска пејачка, текстописец, продуцент, актерка и танчерка, која е позната по својата способност да меша различни елементи во нејзината музика. 

Таа и нејзиниот долгогодишен партнер, фудбалерот Герард Пике, беа заедно скоро 12 години. Започнаа да се забавуваат во 2010 година, откако се сретнаа на снимањето на нејзиниот спот „Wака wака“.

Тие се родители и на два сина, Милан и Саша.

За врската на Шакира и Пике луѓето велат дека била судбина. Зошто? Тие се родени на ист ден, 2-ри февруари, иако со 10 години разлика; Шакира има 45, а Пике 35 години.

Тие имаат тенденција да ја чуваат врската приватна. Но, во интервју за Ел во 2013 година, пејачката се отвори за тоа како средбата со Пике ѝ ја вратила вербата во љубовта.

„Мислам дека, ако можеш да го докажеш постоењето на Бог, тоа може да се докаже само преку љубов. Дури и ја изгубив вербата некое време. Станував агностик", рече таа. „И тоа беше навистина тешко, бидејќи јас секогаш бев многу религиозна, и неколку години - не чувствував љубов, па почнав да мислам дека нема Бог, и одеднаш го сретнав Герард и моето сонце огреа“.

За Светскиот куп на ФИФА 2010 година, Шакира ја објави официјалната песна „Wака wака“, а всушност тогаш првпат се сретна со Пике додека го снимаше спотот за песната. Ако го погледнете видеото, ќе забележите дека тој е една од фудбалските sвезди во спотот.

Пред неколку години, Шакира откри дека всушност не била љубител на фудбалот се додека не го запознала Пике:

„Не знаев кој е тој. Но, кога го видов видеото "Wака wака", јас бев како „Хм. Кој е тој? Симпатичен е", и тогаш некој реши да нè запознае".

„Сè започна кога бевме во Јужна Африка и ѝ пишав. Таа веќе беше таму затоа што пееше на церемонијата на отворање и ја прашав какво е времето. Тоа е типично глупаво прашање, а нормално јас посакував да ми каже да ѝ донесам јакна“, изјави тој за ТВ3 во 2016 година.

„Но, таа започна да ми кажува какво е времето, па ѝ реков дека со мојот клуб ќе мораме да стигнеме до финалето на Светското првенство за да ја видам повторно - таа пееше на финалето “.

Пике и неговиот тим, Барселона на крајот го освоија Светскиот куп истата година.

Една од првите фотографии од двојката заедно беше од нејзиниот концерт во мај 2011 година во Барселона, Шпанија, каде тој излезе на сцената со неа. Подоцна двајцата беа видени како се бакнуваат зад сцената, што дополнително докажа дека се пар.

Покрај нивната долгогодишна заедничка врска, бракот сепак ја плаши. "Не сакам да ме гледа како сопруга. Повеќе сакам тој да ме гледа како негова девојка", рече таа смеејќи се.

Шакира ја издаде песната „Me Enamoré“ / „Се заљубив“ за Пике. 

фото: Принтскрин / Инстаграм