Се запознаа во ноќен клуб, таа не ни сонуваше дека наскоро ќе стане африканска принцеза: Љубовна приказна која го обиколи светот (ФОТО)
Американката Ариана Остин (37) стана африканска принцеза во 2017 година, откако на раскошна церемонија во Мериленд се омажи за правнукот на последниот владетел на Етиопија, Хајл Селасиј Први.
Џоел Меконел е 39-годишен адвокат кој ја запознал својата сопруга во диско-клуб во Вашингтон.
Тој за Њујорк Тајмс изјави дека им пришол на Ариана и нејзината пријателка и веднаш знаел дека сака Ариана да му биде девојка.
Тој веднаш не ѝ открил кој е и какво е неговото семејно потекло, но откако почнале да излегуваат посериозно, вистината морала да излезе на виделина.
Аријана била фасцинирана. Кога решиле да се венчаат, била многу возбудена бидејќи ќе стане дел од семејство чии корени потекнуваат од времето на библискиот крал Соломон и кралицата Шеба.
- Тоа е неспорно наследство, комбинација на чиста црна моќ и античка христијанска традиција - вели сега етиопската принцеза.
Среќната двојка се венча во 2017 година на традиционална христијанска церемонија во Етиопија на која присуствуваа дури 13 свештеници. Невестата и младоженецот беа облечени во наметки со круни на главата, како вистински членови на кралското семејство. Ариана не е од сина крв, но нејзиното семејство има и интересна и богата историја со корени од Гвајана. Прославата започнала во Манасас, Вирџинија, каде 307 гости уживале во деликатесите на етиопската кујна и се засладувале со традиционалната Гвајанска црна торта.
Принцот Џоел, има официјална кралска титула како син на вториот наследник на Хајл Селасиј I. Етиопскиот император владееше со земјата од 1930 до 1974 година, кога беше соборен од воен удар. Неговиот син, принцот Меконел, татко на Џоел, во тоа време студирал во странство.
Џоел е роден во Рим, додека неговите родители живееле во егзил, а пораснале во Швајцарија. Студиите ги завршил во Соединетите Држави, каде ја запозна и сегашната сопруга, принцезата Ариана.
извор: kurir.rs / 24sata.hr