Се знаат цел живот, не сакаат деца: Рафа Надал и сопругата имаат силна причина за оваа одлука

Рафаел Надал и Ческа (32) се венчаа минатата година по 14 години врска, а таа ги избегнува јавноста и социјалните мрежи.

Тенисерот Рафаел Надал (34) најпрво ја слави секоја победа со својата сопруга Ческа ако е во публика, но таа често ги избегнува рефлекторите.

Инаку, Марија Франческа Перело, попозната како Ческа, работи во осигурителна компанија и дипломирала претприемништво, а исто така е и проектен директор во фондацијата „Рафа Надал“, која промовира лична и социјална интеграција и развој на децата и младите преку спортот во Шпанија и Индија.
Според странските медиуми, таа започнала врска со Надал во 2005 година, но тие се познавале многу години порано.

Свршувачката беше објавена во јануари 2019 година, а тие се венчаа во октомври истата година. Свадбата ја направија во замокот Ла Форталеза на шпанскиот остров Мајорка, каде што е роден Надал. Дојдоа 350 гости, а меѓу нив имаше и бројни актери.

Двојката нема деца, но Рафаел еднаш рече дека сака и се замислува себеси во улога на татко. Тој истакна дека би сакал тој и Ческа да чекаат тој да ја заврши својата тениска кариера за да може целосно да им се посвети на децата.

„Би сакал да имам деца: синови, ќерки... Јас сум личност која сака деца и сум семеен човек“, рече тој.

Во едно од ретките интервјуа, Ческа објасни зошто одлучила да не доаѓа на повеќето тениски натпревари на нејзиниот сопруг. Имено, таа истакна дека сака да ја зачува нивната врска и дека не би сакала да ја нарушува неговата концентрација следејќи го насекаде.

„Му треба простор кога се натпреварува и самата идеја да се повлечам таму и да чекам дали во одреден момент случајно ќе му затребам, ме вознемирува. Тоа би ме гушело и Рафаел би се грижел за мене. Ако го следев насекаде, мислам дека до сега и не би се согласувале така добро“, заклучи таа.

Инаку, Ческа нема профил на социјалните мрежи, а Надал ретко споделува нивни заеднички фотографии.

извор:stil.kurir.rs
фотографии:profimedia