Секс или совршено тело – што би одбрале вие? Ќе ве изненади одговорот на 70 % од жените

На што се радуваме повеќе: страсна ноќ или задоволувачки одраз во огледалото?


Околу 60 проценти од жените редовно се на диета пред летото. Најголемата загриженост е губењето на последните пет килограми пред да заминеме на плажа, а тоа ги мачи 79% од жените.

Времето за бикини и одење на плажа е пред нас, така што жените чувствуваат се поголем притисок да ги изгубат вишокот килограми. Новите истражувања покажаа колку летото предизвикува несигурност кај жените и колку се спушта нивната самодоверба заради нивните „летни“ тела, пренесува „Дејли мејл“.

Дури 82 проценти од жените се чувствуваат под притисок да изгубат килограми пред летото, а 68 проценти од нив би се откажале од секс за еден месец, па и за повеќе, доколку за возврат го постигнат својот идеален изглед, открива студија од магазинот „Шејп“.

Околу 50% од жените го мразат својот стомак, додека 29% од нив се најнесигурни заради бутовите. Повеќето жени вежбаат во текот на пролетните месеци со цел да имаат поголема самодоверба на плажа, а 47% од нив признаваат дека прават најмногу стомачни вежби и други вежби за половината.

Благодарение на популарноста на социјалните мрежи, носењето бикини може да предизвика непријатност, а жените кои чувствуваат притисок да ослабат, во голема мерка за тоа го обвинуваат Фејсбук.

Околу 90 проценти од жените никогаш не би „сакале“ фотографија од себеси во бикини на кои се тагнати, а дури 44 проценти од жените би побарале од пријателите да ја избришат фотографијата од социјалните медиуми.

Половина од жените признаваат дека се чувствуваат најудобно во костимот за капење пред своите пријатели или партнери, додека 18% од нив исто така се чувствуваат удобно во друштво на мажи. Помалку од 10 проценти од жените се чувствуваат привлечно кај странци. Околу 60% редовно следат диета пред летната сезона, од кои 53% го намалуваат внесот на калории, 22% се откажуваат од јаглехидратите и 15% се одлучуваат за алтернативни решенија.

Најголемата загриженост е губењето на последните пет килограми пред да заминеме на плажа, а тоа ги мачи 79% од жените. Во денешната култура, која слави физичка привлечност, популарно е мислењето дека само мускулите, тонирани и без влакна тела можат да изгледаат добро во бикини, што предизвикува несигурност и прави комплекси.

Извор: glossy.espreso.rs

Фото: profimedia

(ФОТО) 12 модни икони од малите екрани: Го сменија текот на модата, ги обожаваме нивните ликови со децении