Сексот и глумата не се забораваат: Џамбазов за животните лекции

Игор Џамбазов вели дека мниогу научил од својата покојна мајка, легендарната актерка Анче Џамбазова. Познатиот актер вели дека никогаш нема да ги заборави ни советите од дедо му, Петре Прличко. 

„ Се трудев да ги запомнам најубавите совети. И мислам дека успеав да ги сочувам до ден денешен. Од нив двајца научив како навистина се сака театарот. Со посветеност и професионализам. Иако секој од нас има свои „жолти минути“, па така за 35 години во театарот нормално е да се случат и некои грешки кои за среќа не влијаеа многу на мојата кариера. Некогаш кажав дека има три работи во животот кои никако не се забораваат. Возење велосипед, секс и глума“, изјави Џамбазов во интервју за Женски магазин.