Семејството е неутешно: Таткото и синот на Исидора Бјелица проговорија за нејзините последни денови

Димитрије Бјелица ја опиша последната средба со неговата ќерка Исидора, која почина на 5-ти август 2020 година, на 53-годишна возраст.

- На последниот ден од престојот во болницата „Свети Сава“ ги зедов кориците на нашите три нови книги „Го видовме целиот свет 2“, „Три магични Исидори“ и „Његош и црногорските принцези“. Пријателскиот персонал ме пушти, медицинската сестра се обиде да ја разбуди. Таа ѝ рече: „Иси, татко ти дојде да ги видиш твоите нови книги од над 200 книги“. Таа не се разбуди. Збогум, најдобра ќерка на светот! Твојот татко Бјели, со кого го го пропатувавте светот - напиша Димитрије.

Синот на Исидора, Лав рече дека последните три месеци од животот на неговата мајка биле најтешки.

- Последните три месеци од нејзиниот живот беа најтешки за сите нас во семејството. Но, таа беше голем борец и херој и успеа да се пробие до максимум. Ние ќе продолжиме да шириме љубов на нејзино барање, која таа самата ја промовираше. Веројатно нема да можам да направам некои работи како порано, што ги правев додека таа беше тука, но рано ми е да зборувам за тоа, затоа што сè се случи сега - низ солзи рече Лав.