Сензуални сцени со вереникот: По „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска ја објави првата песна со спот (ВИДЕО)
фото:youtube printscreen
Ништо помалку не очекувавме од битолчанката!
На изненадувањата на Марија Груевска се навикнавме уште при нејзиното учество во „Ѕвездите на Гранд“, кога таа од круг во круг ги воодушевуваше жирито и публиката со своите креативни изведби.
Од калуѓерка до опасна заводничка со змија- на сцената сум целосно ЈАС - изјави во една прилика за Женски магазин таа.
Марија, за време на натпреварувањето ја имаше титулата за најекстравагантен учесник. А сега конечно, ја објави и нејзината песна, па видеозаписот за истата повторно е на висината на задачата.
„Горам цела (Горим сва)“ е насловот на нејзината нова песна, со сензуален и по малку латино звук, отпеана на српски.
Очекувано од неа, песната е придружена со спот за чии потреби Марија целосно се трансформираше, а неколку страсни кадри сними и со нејзиниот вереник.
Во овој проект покрај нејзиниот сакан партнер Синиша Стојаноски беа вклучени и други нејзини блиски луѓе.
Текстот го напиша нејзиниот татко Душко Груевски, додека Зорја Пајиќ, исто така поранешна учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, пееше придружни вокали.
Песната за само неколку часа е преслушана илјадници пати, а позитивните коментари не престануваат.
Погледнете ја целата песна, како и видеото во видеото подолу.