Серена Вилијамс се пензионира од тенисот: Сака да има второ дете и да се посвети на семејството

фото:instagram

Познатата американска тенисерка откри дека е време да му се посвети на семејството, а наскоро ќе му каже „збогум“ на тенисот.

Една од најдобрите тенисерки во светот, Серена Вилијамс (40) откри дека планира да се повлече од тенисот по УС Опен за да се обиде да добие второ бебе со својот сопруг милијардерот Алексис Охани.

- Тоа е најтешкото нешто што можев да го замислам, но подготвена сум за се што следи - изјави таа.

Таа се уште не е сигурна кога целосно ќе се повлече од тенисот, а зборот „пензија“ воопшто не ѝ се допаѓа.

– Никогаш не ми се допаѓал тој збор – изјави за Vogue.

View this post on Instagram

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)


- Не ми изгледа како модерен збор. Мислам на тоа како транзиција, премин од еден дел од животот во друг - изјави тенисерката.

Таа рече дека планира да се повлече од спортот кој ѝ значи живот. Како што рече, има и други работи во животот на кои сака да им се посвети.

 За почеток, тоа се сопругот и ко-основачот на Редит, Алексис Охани и нивната петгодишна ќерка Олимпија. Рече и дека планира да има уште едно дете.

View this post on Instagram

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)


- Во последните неколку години со Алексис работиме на тоа да имаме уште едно дете. Го послушавме советот на докторот и сега мислам дека сме подготвени да се впуштиме во тој потфат – рече таа.

Серена одлучи дека е време да стави малку поинакви приоритети на прво место. Сите нејзини работни места и компании паѓаат во втор план, но тоа не ја плаши бидејќи веќе поседува богатство кое се проценува на 260 милиони долари.

Одлуката да се откаже од тенисот ѝ била тешка. Како што вели, никогаш не сакала да биде растргната помеѓу работата и семејството, но сега е во четириесеттите години и време е да се посвети на проширување на семејството.

извор:GLOSSY

-Ја обожавав бременоста, но не чувствував поврзаност со бебето: Ни парите не можеа да ги спречат проблемите по породувањето!

-Морничава трагедија го „покоси“ животот на сестрите Вилијамс: Тие навистина го покорија светот на тенисот и заработија милиони, но која беше цената?